Футсал првакот Шкупи се пласира во главните квалификации во ЛШ

Македонскиот футсал првак Шкупи со 3-0 го совлада ирскиот тим Блу Меџик Даблин во дуелот од прелиминарната рунда во Лигата на шампионите. Со ова Шкупи обезбеди пласман во главните квалификации и ќе биде дел 32 најдобри футсал екипи во Европа.

Шкупи поведе со голот на Сефери во шестата минута откако реализираше пенал. Вториот гол беше автогол на Лемес Сораес во 32.минута, а Незири беше стрелец на третиот погодок во самата завршница.


G-G32VEZ5NYJ