МАКФУДБАЛ - ИГРАЧ НА 13.КОЛО ВО ВТОРИТЕ ЛИГИ: Дарко Алексовски (Кит Го)

Кит го го направи најголемото изненадување во 13. коло во Втората лига Исток. Успеа да го совлада Тиквеш на гости со 1-4 и го сопре победничкиот чекор на кавадаречкиот состав. 

Со мудра игра, цврста и организирана одбрана, подвижен среден ред, гостите од Пехчево успеаја да го наутрализираат домаќинот. Еден од најзабележителните играчи во тимот на Кит Го беше дарко Алексовски.

Борбен и бескомпромисен, одличен организатор, но и закана кон противничкиот гол. Успеа да постигне и погодок и да ја заокружи на најдобар начин одличната игра. Заслужи да биде МАКФУДБАЛ - ИГРАЧ на 13.коло во вторите лиги во изборот на МАКФУДБАЛ.      

 
G-G32VEZ5NYJ