Наполи го менува името на стадионот, Елмас ќе игра на „Диего Армандо Марадона“

Стадионот на Наполи, досегашниот „Сан Паоло“, официјално ќе биде преименуван во стадион „Диего Армандо Марадона“. Овој предлог го даде градоначалникот на Неапол, а веднаш е поддржан и од сопственикот на Наполи, Аурелио де Лаурентис. Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас отсега ќе игра на стадионот кој ќе го носи името на легендарниот фудбалер на клубот кој почина вчера на 60-годишна возраст.  

Марадона почина од срцев удар, а во шесте децении живот имаше проблеми со дрога и алкохол, преживеа два инфаркти, се разболе од хепатитис, а во 2005 година му беше направена операција на желудочен бајпас. 

Ќе биде запаметен како еден од најдобрите во историјата на фудбалската игра. Тој со Наполи освои две титули во Серија А, еден Куп, еден Суперкуп и еден Куп на УЕФА. 

 
G-G32VEZ5NYJ