Синот на Марадона ќе бега од болница во Неапол за да стигне на погребот

Диего Марадона Јуниор, вонбрачниот син на легендарниот фудбалер Диего Армандо Марадона од Неапол, веста за смртта на татко му ја дозна во болницата „Котуњо“ каде се лекува од коронавирус. Тој побарал да биде пуштен за да стигне на погребот на својот татко во Аргентина. Во спротивно, се заканил дека ќе побегне од болничкиот кревет.

Неговото лекување се уште е во рана фаза и лекарите не му дозволуваат да замине од болницата со оглед дека се уште е позитивен на Covid-19. Сепак, 34-годишниот Марадона јуниор се заканил дека ако е потребно и ќе побегне за да замине во Аргентина.

Диего Марадона јуниор е син на аргентинската легенда од врската со Кристина Синагра, која Марадона ја запозна додека играше за Наполи. Во 2004 година, Диего Марадона го призна на суд како вонбрачен син, а во 2003 година за првпат двајцата имаа средба.


G-G32VEZ5NYJ