Пепе им се извини на сите, освен на Алиоски што му „удри глава“

Напаѓачот на Арсенал, Пепе, преку Инстаграм изрази жалење што го оставил тимот на цедило на мечот против Лидс Јунајтед. Тој му „удри глава“ на Езгјан Алиоски, а по прегледувањето на ВАР снимката беше исклучен. 

„Вчера го оставив мојот тим на цедило во клучен момент од натпреварот и нема оправдување за моето однесување. Навистина жалам за мојот потег и сакам да им се извинам на моите соиграчи и на стручниот штаб, на навивачите и сите останати во клубот“, напиша Пепе на Инстаграм. 

Интересно, Пепе не му се извини единствено на Езгјан Алиоски кого физички го нападна, иако тој смета дека македонскиот репрезентативец сето тоа добро го одглумил. 

   
G-G32VEZ5NYJ