Мурињо го надмудри Гвардиола, Тотенхем го нокаутираше Сити (ВИДЕО)

Жозе Мурињо го доби менаџерскиот двобој со Пеп Гвардиола. Неговиот Тотенхем славеше со 2-0 во дербито на колото во Премиер - лигата против Манчестер Сити. „Спарс“ се искачија на врвот на табелата со 20 освоени бода.

Хјонг - Минг Сон уште на самиот старт го нокаутира Манчестер Сити. Уште во петтата минута ја затресе мрежата на Едерсон откако доби одлична топка, излезе сам пред противничкиот голман и го совлада. Сити долго се обидуваше да израмни, но не успеа, а потоа Мурињо повлече потег од клупата кој го одлучи натпреварот.

Го уфрли во игра Џовани Ло Селсо, а тој само триесетина секунди откако влезе успеа да го постигне вториот погодок за Тотенхем. Во завршницата Хуго Лорис бранеше одлично и „граѓаните“ немаа начин како да го совладаат.