„Кралевите“ ремизираа против Вилјареал (ВИДЕО)

Реал Мадрид ремизираше (1-1) на гости против Вилјареал. По поразот од Валенсија тоа е втор меч без победа за тимот на Зидан во Ла Лига. 

„Кралевите“ водеа речиси цел натпревар, уште од втората минута со голот на Маријано Дијаз. Но, во 76.минута по еден старт на голманот Тубо Куртоа над Самуел Чуквуезе беше досуден пенал за Вилјареал, а сигурен реализатор беше Жерард Морено.    

Реал Мадрид со 17 бода се наоѓа на четвртата позиција на табелата во Ла Лига, а Вилјареал е високо, на второто место со 19 бода.