Вердер го сопре Баерн Минхен на „Алијанц арена“ (ВИДЕО)

Баерн Минхен не е убедлив по репрезентативната пауза. Вердер успеа да освои бод на „Алијанц арена“ играјќи 1-1. Максимилијан Егештајн во 45.минута успеа да го совлада Мануел Нојер, а Кингсли Коман постигна гол за надеж за пресврт во 63.минута. Сепак. баварскиот клуб денеска немаше расположени напаѓачи. 

Баер Леверкузен славеше со 1-2 на гости кај Арминија Билефелд. Леон Бејли и Александар Драговиќ беа стрелци на головите за „фармацевтите“.   

Голеада во Хофенхајм каде домашниот тим и Штутгарт одиграа 3-3, а Дарко Чурлинов остана на клупата за резерви кај гостите.