Челси лесно преку Њукасл до врвот во Англија (ВИДЕО)

Челси успеа да слави на гостувањето против Њукасл со 0-2. Иако без Хаверц и без Пулишуќ во офанзивниот дел, сепак, тимот на Франк Лампард успешно ја заврши задачата. 

Во десеттата минута Федерико Фернандез си постигна автогол и му подари водство на Челси, а Тами Абрахам во 65.минута го постави конечниот резултат. Челси се искачи на врвот со 18 бода колку што има и второпласираниот Лестер но со еден одигран меч помалку.