ВТОРА ЛИГА ЗАПАД: Скопје ја зголеми предноста пред Гостивар, Вардар Форино не излезе на терен

Фудбалерите на Скопје продолжуваат со победи во Втората лига Запад. Со триумфот над Кадино (0-1) тие ја зголемија предноста на врвот на табелата во однос на Гостивар, кој ремизираше 1-1 против Кораби во Дебар.

Јусуф Мустафа во 24. минута го одлулчи соседскиот дуел во Кадино. Скопје ја оствари осмата победа, а четврта во низа.  Со овие три бода, Скопје останува лидер на табелата со 27 бода, три повеќе од второпласираниот Гостивар.

Гостиварци ремизираа 1-1 против Кораби. Домаќинот поведе со голот на Филип Алексовски, а израмни Трајче Стојковски во 55.минута.

Тетекс имаше водство од 1-0 против Велешта, но на крајот загуби со 2-3.

Лазар Пеев донесе водство за Тетекс, но Велешта на стартот зададе силен удар со голот на Клечкоски и двата погодоци на Алтин Лога. Здравковски ги постави конечните 2-3.

Охрид на домашен терен ја декласира Дрита со 5-0. Целески беше стрелец на два гола, а во листата на стрелците се запишаа победа и Алији, Реџепи и Ѓорѓиевски.

Вардар Форино не излезе на терен да го одигра натпреварот против Велазерими. Финансиската криза го стори своето, а гостите ќе го добијат мечот со службен резултат, 0-3.