Гвардиола: Да го прашам Мурињо, да не е доктор?!

Тотенхем го пречекува Манчестер Сити во дербито на колото во Премиер - лигата, а тоа е нова пресметка меѓу Пеп Гвардиола и Жозе Мурињо. Тие имаат своја „војна“ која трае одамна, а повторно се разгоре во пресрет на денешниот дуел во англискиот шампионат. 

Мурињо обвини дека Манчестер Сити добил „попуст“ од селекторот на Англија, Герет Саутгејт, кој го ослободил предвреме Рахим Стерлинг по оправдание дека има ситна повреда во периодот на репрезентативната пауза. Со тоа Гвардиола добил можност подолг период да го подготвува тимот за денешниот дуел со Тотенхем.

„За тоа Мурињо ќе треба да се обрати кај докторскиот тим на репрезентацијата на Англија или кај докторскиот тим на Манчестер Сити. Или не знам, можеби и тој самиот е доктор. Немам намера да се занимавам со него, но ете му одговорив затоа што тој прв праша“, изјави Пеп Гвардиола во пресрет на денешното гостување во Лондон и дуелот против Тотенхем на чие кормило е Жозе Мурињо. 

Мечот меѓу Тотенхем и Манчестер Сити е закажан за 18.30 часот.