ВТОРА ЛИГА ЗАПАД: ФК Скопје на гости во соседно Кадино, Гостивар го освојува Дебар

Продолжува трката за врвот и во Втората лига Запад. ФК Скопје има бод предност на врвот пред Гостивар и има намера да ја задржи и по денешното гостување кај Кадино. Сепак, токму гостиварци се лизнаа на ова гостување, па нема да биде лесно ниту за фудбалерите на Скопје. 

Гостивар го очекува гостување во Дебар, тоа е исто така жежок терен за игра. Но, едноставно тимот на Гостивар веќе нема право на кикс. 

Охрид го пречекува составот на Дрита, а Тетекс е домаќин на Велешта. 

Крајно неизвесен е мечот меѓу Вардар Форино и Велазерими. Домаќините најавија дека ќе отпочнат со штрајк поради финансиски долгувања од раководството на клубот и дека нема да се појават на теренот. 



Standings provided by SofaScore LiveScore