ВТОРА ЛИГА ИСТОК: Брегалница сака триумф против Кожуф, Тиквеш фаворит против Осогово

Второлигашките возбудувања продолжуваат со 12.коло, а на Истокот највозбудливо се очекува да биде во Штип. Брегалница го пречекува тимот на Кожуф, кој во минатото коло го „сецна“ Тиквеш. 

Штипјани се надеваат на нови три бода и задржување на првото место на табелата. 

„Како и на сите досегашни натпревари и на дербито против Кожуф пристапуваме максимално сериозно. Концентрираме и мотивирани да дојдеме до посакуваната победа. Силно го респектираме противникот, меѓутоа имаме идеја, имаме план како да дојдеме до трите бода кои секако се наша единствена цел“ - вели дефанзивецот на Брегалница, Бојан Ѓорѓиевски.

Тиквеш има релативно полесна задача против Осогово на домашен терен. Победа ќе биде домаќин на Каменица Саса, Кит-Го го пречекува Росоман, а Слога Виница ќе има дуел против Плачковица. 


 
Standings provided by SofaScore LiveScore