Штрајк во Вардар Форино - Нема да го играат утрешниот меч со Велазерими

Финансиската состојба во второлигашот Вардар Форино стана неиздржива, па фудбалерите се решија со штрајк да ги бараат заостанатите плати од раководството на клубот. Според информациите, фудбалерите нема да го играат утрешниот меч против Велазерими, доколку управата веднаш не реагира и не ги исплати долгувањата. 

„Како капитен на Вардар Форино ја информирам јавноста дека фудбалерите нема да излезат на теренот на утрешниот меч против Велазерими. Благодариме за поддршката што ни ја испраќаат фановите преку пораки“, истакна Ајет Абази. 

Ова може да значи и крах на Вардар Форино, фудбалски клуб кој егзистира цели 42 години.