Барди ќе паузира до Нова година? - Ќе се вратам посилен

Македонскиот репрезентативец Енис Барди подолг период ќе се опоравува од повредата на грбот што ја заработи на последниот тренинг во националниот тим пред финалниот плејоф меч против селекцијата на Грузија. Лекарските прегледи открија дека се работи за дискус хернија, а „десетката“ на Леванте можеби ќе треба да биде надвор од теренот и до Нова година.

„Ќе се вратам посилен“, порача Барди преку социјалните мрежи.

Добрата вест е дека најверојатно нема да биде потребен хируршки зафат за санирање на повредата на Енис Барди.