Последната европска одисеја на Димитар Мечкаровски

Еден од најдобрите македонски судии Димитар Мечкаровски ја заврши интернационалната кариера. Тој синоќа го судеше мечот меѓу Андора и Летонија (0-5) и се збогува од меѓународната европска сцена. Тој ја мина возрасната граница од 45 години и се повлекува. Се заблагодари на долгогодишниот судиски тим и се потсети на периодот кога ја започна кариерата.

Првпат беше делегиран да суди на европско натпреварување на мечот меѓу селекциите на Португалија и Кипар за фудбалери до 17 години во далечната 2008 година. Првиот сениорски дуел на кој делеше правда на меѓународната сцена е натпреварот Шпанија - Перу.

Мечкаровски стекна непроценливо искуство кое сега ќе има обврска да го пренесе на помладите македонски судии како контролор на судењето.