Ѓорѓиевски: Жалиме што УЕФА ни ја скрати можноста да се бориме за ЕП

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година го освои второто место во групата, но, сепак, нема да игра бараж за Европско првенство. Клучна се покажа одлуката на УЕФА за промена на пропозициите поради пандемијата на коронавирусот. 

„Искрено жалиме за одлуката на УЕФА, за промена на пропозициите што ги скрати нашите шанси за пласман на ЕП. Тажни сме бидејќи сме второпласирани, а немаме можност за пласман на Европското првенство. Постигнавме гол на почетокот, можевме да победиме и поубедливо, но сепак најважно е што победивме. Среќен сум и што постигнав погодок, тоа е мојот најважен гол во оваа година“, изјави Марко Ѓорѓиевски.