Младите во победнички стил до второто место во групата (ВИДЕО)

Младата фудбалска репрезентација на Макединија до 21 година го освои второто место во групата за пласман на ЕП откако ја совлада селекцијата на Црна Гора со 2-1 во последниот меч од квалификацискиот циклус.

Избраниците на Благоја Милевски иако во релативно изменет состав, покажаа допадлива игра и успеаја да остварат триумф. Со 18 освоени бода се второпласирани, но, за жал, поради промената на форматот што во од го направи УЕФА по ковид-кризата нема да играат бараж. 

Марко Ѓорѓиевски на почетокот од средбата донесе водство за Македонија. Бојан Миовски во 78.минута од пенал зголеми на 2-0, а Никола Крстовиќ во 86.минута постигна почесен погодок за Црногорците.