Победнички шпалир за Гранде Пандев во Џенова (ФОТО)

Гранде Пандев се врати во Џенова. Ја пласираше Македонија на Европско првенство, а сега му е потребен и на клубот во тешката битка за опстанок во Серија А. И доби победнички шпалир и аплаузи од соиграчите во Џенова на првиот тренинг по враќањето во Италија. 

Клупските колеги знаеја како да го пречекаат Горан Пандев по историскиот успех со Македонија и пласман на ЕП 2021.