Фановите на Џенова до Пандев: Жалиме само што нема да ти ракоплескаме со Парма!

Горан Пандев на 38 години го оствари сонот, да се пласира со Македонија на Европско првенство. По завршената мисија се врати во Џенова, а фановите на италијанскиот калчолигаш му испратија срцепарателна порака на Гранде Пандев. Жалат што нема да можат да му дадат огромен аплауз на мечот со Парма.

„Светски клупски шампион, освојувач на Лигата на шампионите, освојувач на Скудето, два италијански Суперкупа, пет трофеи во италијански Куп, шампион на Турција, освојувач на Суперкупот на Турција и петпати играч на годината во Македонија.

Ова е Горан Пандев, нашиот Горан Пандев! 

Не го освојувате сето ова така случајно. Мора да бидете шампион, мора да го сакате овој спорт. Но, да се направи она што го направи последно за националниот тим, на 37 години, пред се морате да бидете човек и маж. Со големо М, човек кој остава се на теренот, кој оди на тренинг со желба на мало дете, кој се става на располагање на тренерот, никогаш нема погрешен збор и секогаш покажува почит. Ние луѓето од Џенова сме горди на тебе, тоа што го носиш нашиот дрес и што го претставуваш грбот на нашиот клуб, а веруваме дека го носиш и во срцето. Жалиме само за едно нешто, тоа што не можеме стоечки да те поздравиме на ‘Луиџи Ферарис’ на следниот домашен меч со Парма. Ќе беше убаво со долг аплауз и овации да се поздрави Гранде Пандев“,
се вели во пораката на фановите на Џенова до најдобриот македонски фудбалер на сите времиња.