Андонова стрелаше за Леванте (ВИДЕО)

Најдобрата македонска фудбалерка Наташа Андонова игра во одлична форма во дресот на Леванте. Таа го постигна вториот гол оваа сезона откако со лоб удар ја погоди мрежата на Депортиво Ла Коруња во триумфот од 4-1.

Македонската репрезентативка беше стрелец на вториот гол за Леванте во осмата минута.