Шоу на Гемиџии по повод Ослободувањето на Велес (ФОТО)

Навивачката група на ФК Борец, „Гемиџии“, по повод 76-годишнината од ослободувањето на Велес на 9. ноември, направија светлечко „шоу“ со факели на мостот на реката Вардар.

„И во добро и во зло, со тебе се твоите синови, велешки Гемиџии. Од 1991 година бестрашното срце на Велес, затоа што е наш! Затоа што го сакаме! Жив и здрав да си ни граде наш мил. Единствена вистинска љубов за нас секогаш си бил“, порачаа Гемиџии.