Сејдини: Среќата ги следи храбрите, покажете колку сме силни заедно

Македонија утре патува во Тбилиси по историја. Европското првенство е на дофат, а последната пречка е селекцијата на Грузија. Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини, им посака многу среќа на македонските репрезентативци во битката на столетието. 

„Од срце им посакувам на нашите фудбалери многу среќа во финалето. Овој тим има карактер, сила и трпение. Верувам дека ќе имаме одличен настап и победа за историја. Среќата ги следи храбрите, покажете колку сме силни заедно“, порача Сејдини.