МАКФУДБАЛ - ИГРАЧ на 11.коло во Првата лига: Лука Станковски (Работнички)

Нов небрусен дијамант од школата на Работнички. Не е ниту полнолетен, а игра одлично, постигнува голови и дели асистенции како од шега на прволигашката сцена. Лука Станковски на свои плеќи го носеше тимот на „романтичарите“ на градското дерби против Шкупи.

Постигна прекрасен гол во 13.минута откако се проби низ противничката одбрана и го совлада Кристијан Наумовски. Во вториот дел подели асистенција за Николче Шаркоски за израмнување на резултатот и за еден бод за Работнички од дербито. 

Има неверојатен радиус на движење, огромна самодоверба, технички е супер поткован и што е најважно, поседува вродени лидерски способности. Лука Станковски не се плаши да преземе одговорност и да атакува кон противничкиот гол, па затоа и стрела редовно за Работнички.

Со играта против Шкупи, го заслужи изборот на МАКФУДБАЛ за најдобар играч на 11.коло во Првата фудбалска лига