МАКФУДБАЛ - ТИМ НА 11.КОЛО!

Шкендија се одлепи на врвот, Работнички го сопре Шкупи, Македонија ЃП со песна помина низ Кратово, а Вардар во последен миг освои бод во Струга. Борец продолжува да биде несовладлив на домашен терен во Велес. 

Помина првиот круг од првенството во Првата фудбалска лига, ќе биде запаметен по неколку катастрофални грешки на голманите, но и убавите потези и голови на Лука Станковски од Работнички и Клисман Цаке од Струга Трим Лум

МАКФУДБАЛ го издвои најдобриот тим за 11.коло во Првата фудбалска лига


1. БУРХАН МУСТАФА (БОРЕЦ)
Квалитетен и стабилен на голот на Борец, успеа ја ја сочува мрежата мирна, делувајчи мотивирачки за целиот состав на велешани. 

2. ЈАН КРИВАК (ШКЕНДИЈА)
Дефанзивецот на Шкендија беше одличен во одбранбените задачи, а успеа да постигне и гол за пресврт. Потоа Шкендија дојде и до поубедлив триумф.

3. КЛИСМАН ЦАКЕ (СТРУГА ТРИМ ЛУМ)
Неговиот гол ќе се прескажува со години низ Струга. Кога ја зафати со надворешно ефе, голманот не ја виде. Клисман Цаке беше на висина на задачата и во примарната дејност, заштитата на сопствениот гол. 

4. ФЕРНАНДО АУГУСТО (МАКЕДОНИЈА ЃП)
Го „отвори“ Силекс од слободен удар и ја навести победата на „лавовите“ во Кратово. Потоа се беше полесно за составот на Жикица Тасевски. Борбен и физички надмоќен во дуелите, успеа неколкупати да се закани и по левата странична позиција.

5. КРИСТИЈАН ФИЛИПОВСКИ (МАКЕДОНИЈА ЃП)
Претрча многу, исполни најголем дел од задачите поставени од тренерот во дефанзива, а го имаше и во креацијата на играта на Македонија ЃП. Сето тоа го зачини и со погодок. 

6. МАРЈАН РИСТОВСКИ (БОРЕЦ)
Двоен стрелец за тимот во триумфот од 3-0 над Пелистер. Постојано активен по левата страна, во него тренерот Горазд Михајлов очигледно има голем адут. 

7. ДИМИТАР ТОДОРОВСКИ (РАБОТНИЧКИ)
Одличен во средниот ред на „романтичарите“, неговите топки се гол-шанси, една таква искористи Лука Станковски за првиот гол на Работнички. Умее со топката, во него ратко Достаниќ добива вистински плејмејкер на тимот.

8. ИЛИРИД АДЕМИ (ШКУПИ)
Робусен, брз, физички подготвен да помогне на двете страни од теренот. секој би го посакал Илирид Адеми во тимот. Беше стрелец за Шкупи на градското дерби со Работнички. 

9. ЛУКА СТАНКОВСКИ (РАБОТНИЧКИ)
Има неверојатен талент, долг чекор, одличен преглед на игра и истенчено чувство да „намириса“ гол шанса и што е најважно, да ја реализира. Умее и да асистира, вистинско богатство на Работнички. И се уште не е полнолетен. 

10. БЕСАРТ ИБРАИМИ (ШКЕНДИЈА)
На искуство се чини дека може да дава голови во Првата лига уште „десет години“. Тоје перманентна опасност за противничкиот гол, беше на свое ниво и против Ренова, погоди од пенал за потврда на триумфот.

11. КАЛИД АБДУЛ БАСИТ (МАКЕДОНИЈА ЃП)
Маркантна појава во нападот на Македонија ЃП, со неговиот долг чекор противниците имаат многу мака, на крајот успеа да погоди за заверка на победата на ѓорчепетровци во Кратово. 


ТРЕНЕР НА КОЛОТО: ЖИКИЦА ТАСЕВСКИ (МАКЕДОНИЈА ЃП)
Се врати во Кратово и го освои. Добро му е позната секоја педа од теренот, а и составот на Силекс. Го искористи тоа Жикица Тасевски на најдобар можен начин, постави умешна тактика која на крајот донесе и убедлив триумф.