ЖФК Каменица Саса одржа тренинг на „Васил Левски“

Македонскиот првак во женски фудбал, тимот на ЖФК Каменица Саса, го одржа официјалниот тренинг на стадионот „Васил Левски“ во пресрет на утрешниот дуел против бугарскиот шампион НСА Софија во претквалификациското коло од Лигата на шампионите. 



Иако домашниот состав важи за фаворит, сепак, фудбалерките на Каменица Саса се подготвени за силен отпор и достојна презентација во Софија. Зоран Златковски и фудбалерките ќе се обидат да направат изненадување и да се пласираат во следната рунда од елитното натпреварување во женски фудбал.