„Кралевите“ во акција - Зидан сака да го доведе Дибала на „Сантијаго Бернабеу“

Шпанскиот гигант Реал Мадрид сака да го купи Пауло Дибала. На трансферот инсистира Зинедин Зидан и би бил среќен ако зделката би можела да се случи во зимскиот преоден рок. Но, тешко дека Јувентус би прифатил еден таков чекор.

„Кралевите“ се подготвени да ги понудат Иско и Винисиус Жуниор како дел од пакетот, заедно со дополнителен кеш, за да го доведат Аргентинецот на „Сантијаго Бернабеу“. Иско е незадоволен од минутажата во Реал Мадрид, а Винисиус Жуниор исто така не се вклопува најдобро во плановите на Зидан. Французинот смета дека Дибала би бил идеалното решение за навалната линија на „кралскиот клуб“.