„Нежните“ од Дандалк - Не направија ниеден фаул на цел меч против Арсенал и влегоа во историјата

Ирскиот тим Дандалк загуби со 3-0 на гостувањето против Арсенал, но, сепак, влезе во историјата на Лигата на Европа. Можеби звучи и неверојатно, но фудбалерите на овој тим не направија ниеден фаул во текот на мечот со „топчиите“. Така, „нежните“ од Дандалк испишаа историја во европски рамки. 

Арсенал не беа толку нежни и направија дури 20 прекршоци за време на натпреварот. Покрај тоа, постигнаа и три гола и лесно го добија дуелот со Дандалк.