Кој смее на Ибра да му каже - нема ти да шутираш пенал?!

Шведскиот ас Златан Ибрахимовиќ не реализира три од последните пет пенали за Милан, но и понатаму ќе остане прв изведувач на ударите од белата точка. 

Како што вели, тренерот Стефано Пиоли има голема доверба во него. Тој изјави дека нема намера да го смени изведувачот на пенали за „росонерите“

„Златан ќе продолжи да ги изведува пеналите. Не размислувам за промена на изведувачот“ – изјави Пиоли.

Ибрахимовиќ во моментот е фудбалерот кој утнал најмногу пенали во Топ 5 лигите во Европа оваа сезона. Но, кој смее на Ибра да му каже - нема ти да шутираш пенал?!