Нејмар ќе пропушти три меча за Пари Сен Жермен

Бразилскиот ас Нејмар ќе ги пропушти наредните три натпревари на Пари Сен Жермен. Според најавите, тој нема да се врати на терен пред репрезентативната пауза. 

Нејмар се повреди на натпреварот со Башакшехир од Лигата на шампионите, а се работи за проблем со истегнување на бутниот мускул. Дополнително тој се жали и на болки во десниот скочен зглоб. 

Нејмар нема да настапи викендов против Нант, како и на натпреварите против Лајпциг во ЛШ и уште еден меч од францускиот шампионат, против Рен. Потоа ќе следи репрезентативна пауза.