Футсал првакот Шкупи против шампионот на Република Ирска во квалификациите за ЛШ

Македонскиот футсал првак КМФ Шкупи 1927 ќе биде домаќин на шампионот на Република Ирска, тимот на Блу Меџик Даблин, во првото квалификациско коло од Лигата на шампионите. ​По две одложувања на ждрепката и почеток на Лигата на шампионите во футсал, конечно денеска беше извршен ждребот.

Победникот од овој дуел продолжува меѓу 32-те најдобри футсал екипи во Европа.