Милан оди на титула: Икарди доаѓа на „Сан Сиро“?

Милан има одличен старт на сезоната во Серија А, па со тоа се зголемија и апетитите на раководството. Сметаат дека со две квалитетни засилувања, во одбраната и во нападот, би можеле да бидат конкурентни и во трката за шампионската титула. 

Изненадувањето се вика Мауро Икарди. „Росонерите“ се подготвени да го доведат во јануари назад во Милано, но во „црвено-црниот“ дел. Познато е дека Аргентинецот не се раздели најдобро со градскиот ривал Интер. 
Милан би платил 10 милиони евра за позајмица на ПСЖ, но и со клаузула за комплетно откупување на договорот за дополнителни 40 милиони евра. 

Втората желба на Милан е дефанзивецот на Фуорентина, Никола Миленковиќ. Тој има договор до јуни 2022 година, а „росонерите“ се надеваат дека ќе можат да го добијат за околу 25 милиони евра.