ВИДЕО: Дени Мусовски е гол-мајстор: Со одличен лоб го „поздрави“ голманот на ЛА галакси

Дени Мусовски треба да биде напаѓачкото освежување за фудбалската репрезентација на Македонија во ноемврискиот прозорец. Така најави селекторот Игор Ангеловски откако напаѓачот што игра во МЛС-лигата прифатил да го носи дресот на Македонија.

Дека се работи за одличен голгетер, Мусовски потврди и со прекрасниот гол постигнат против ЛА галакси во триумфот од 2-0. Тој со одличен лоб удар го совлада Џонатан Клинсман, голманот на ЛА галакси.