Страшна сообраќајка на српски фудбалер во Хрватска

Српскиот фудбалер Никола Нинковиќ имал тешка сообраќајна несреќа на патот од Лоповљани кон Загреб во Хрватска. Според неофицијални извори, тој имал директен судир со камион, а двајцата возачи не биле под дејство на алкохол. 

Нинковиќ има сериозни повреди на главата и на телото и е пренесен во болница. Тој е поранешен фудбалер на Партизан, кој сега го носи дресот на Асколи. Играше и за Џенова, Киево и за Емполи, а пред неколку години се споменуваше и како можно засилување за Вардар.