Ракометен пораз за фудбалерките на дуелот со Франција

Женската фудбалска репрезентација на Македонија доживеа убедлив пораз (11-0) на гостувањето против Франција во квалификациите за Европското првенство. Избраничките на Кирил Изов не беа конкурентни за „триколорките“, а дополнително беа ослабени со неиграњето на Наташа Андонова и на Гентјана Рочи.

Франција почна фуриозно и така играше во текот на целиот меч, максимално доминираше на теренот. Првото полувреме го заврши со предност од 5-0, а во второто додаде уште шест гола во мрежата на Македонија. Ле Сомер постигна четири гола, Гејоро два, а во листата на стрелците се запишаа и Говин, Де Алмеида, Диани, Асеји и Каскарино.