Алиоски игра - Лидс победува (ВИДЕО)

Езгјан Алиоски го одигра целиот натпревар за Лидс Јунајтед, а неговиот тим ја совлада досега водечката Астон Вила со 0-3 на гости во Бирмингем. Хет - трик за составот на Марсело Биелса постигна Патрик Бамфорд.

Алиоски го имаше вториот настап во Премиер - лигата и ќе го памети по одличното издание на целиот тим. Лидс Јунајтед по овој триумф има 10 бода на табелата и во моментот е на третата позиција.