Чурлинов дебитираше за Штутгарт во Бундес-лигата на дуелот против Келн

Македонскиот младински репрезентативец на Македонија, Дарко Чурлинов, го одигра првиот натпревар за Штутгарт во Бундес-лигата, а неговиот сегашен тим ремизираше (1-1) против Келн, неговиот поранешен тим.

Чурлинов влезе на теренот како резерва во 74.минута и ја одигра завршницата од мечот.

Штутгарт поведе со голот на Орел Мангала во првата минута, а израмни Себастијан Андерсон од пенал во 23. минута.