Двајца големи Македонци во Џенова - Нацоски и Пандев (ФОТО)

Ил Гранде Мачедоне....двојно. Македонскиот тенор Благој Нацоски се пофали со фотографија со најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев. Двајцата македонски амбасадори, секој во својата област, се сретнаа во ист хотел во Џенова. 

Пандев го очекува утрешниот меч со својот тим против Интер во Серија А, додека Нацоски има свои музички обврски. 

„Двајца Македонци во ист хотел“, сподели Благој Нацоски на социјалните мрежи.