Де Јонг убаво објасни: Наша работа е да му олесниме на Меси да направи разлика

Ден пред „Ел Класико“. Атмосферата се вжештува, а Френки де Јонг многу објасни каква е стратегијата на Барселона пред пресметката против Реал Мадрид. Сите работат за Лео Меси, а тој треба да направи магија.

„Сакам да стигнам до мојата прва победа на „Ел Класико“. Подготвени сме и верувам дека ќе оствариме триумф. Ние сме тука за да му олесниме на Лионел Меси, да му помогнеме на секаков начин за тој на крајот да ја направи разликата. Тој е фантастичен играч и нема дефанзивец на светот што може да го сопре. Не размислуваме воопшто за Реал Мадрид и дали ќе игра Серхио Рамос. Можеби ќе беше полесно со поддршка од гледачите на „Камп Ноу“, но и оваа нова нормалност веќе сме навикнати“, изјави холандскиот интернационалец од таборот на Барселона.

„Ел Класико“ почнува утре во 16 часот, тогаш светот престанува да дише и ја гледа пресметката на шпанските гиганти во еден здив.