Фудбалерките без Андонова и без Рочи на мегдан со Франција

Женската фудбалска репрезентација на Македонија вечерва (21 часот) е пред нов предизвик, гостување кај силната селекција на Франција. Селекторот Кирил Изов на овој меч нема да може да смета на Наташа Андонова и на Гентјана Рочи што ја прави нашата репрезентација уште поголем аутсајдер на овој меч. Двете искусни репрезентативки не можат да бидат дел од националниот тим поради ограничувањата со Covid-19 за враќање во земјите каде настапуваат, Шпанија и Финска.   

Французинките пред еден месец во Скопје славеа со 0-7, а по четири натпревари имаат максимален број бодови (12) и застрашувачка гол - разлика 18-0.         

Македонската репрезентација по шест одиграни натпревари се наоѓа на четвртата позиција во групата со три освоени бода.