„Ѓаволите“ се разиграа во финишот и го победија Њукасл (ВИДЕО)

Манчестер Јунајтед конечно победи во Премиер - лигата, совладувајќи го Њукасл на гости со 1-4. Тимот на Оле Гунар Солскјер постигна три гола во последните десетина минути вклучувајќи го и судиското продолжение од дуелот.

Њукасл поведе рано, со автоголот на Лук Шо уште во втората минута. Хари мегваер израмни во 23.минута, а на почетокот од вториот дел Бруно Фернандеш не успеа да реализира пенал. Но, „ѓаволите“ дојдоа до триумф во финишот, кога стрелаа токму Бруно Фернандеш, Ван Бисака и Маркус Рашфорд.