Хетафе му го нанесе првиот пораз на Куман како тренер на Барселона (ВИДЕО)

Барселона допатува кај Хетафе и го доживеа првиот пораз во новата сезона во Ла Лига. Хетафе славеше со 1-0, со голот од пенал на Хаиме Мата постигнат во 51.минута од мечот. 

Барселона не беше на потребното ниво, кај Лионел Меси беше очигледен заморот по патешествието од Аргентина и репрезентативните обврски, а останатите играчи не успеаја да одговорат на предизвикот. Одлична шанса да донесе водство во првото полувреме имаше и Антоан Гризман, но не реализираше.