Јувентус само до бод со Кротоне, Киеза поцрвене на дебито (ВИДЕО)

Италијанскиот првак Јувентус ремизираше 1-1 на гости кај Кротоне, а Федерико Киеза, новото засилување кое дојде од Фиорентина, поцрвене по еден час игра и го остави тимот на цедило.

Без Роналдо, но и без Дибала, кој остана на клупата, Јувентус не можеше да понуди повеќе. 

Кротоне поведе од пенал со голот на Сими во 12.минута, а Алваро Мората возврати во 21.минута за израмнување. Шпанецот во вториот дел постигна уште еден погодок, но по прегледување на ВАР-снимката беше досудена офсајд позиција. 

Ова е прв освоен бод за Кротоне во новиот шампионат и тоа против актуелниот италијански првак.