Реал шокиран од Кадиз во Мадрид (ВИДЕО)

Реал Мадрид доживеа непријатен пораз по репрезентативната пауза откако на домашен терен загуби од Кадиз со 0-1. Тимот на „кралевите“ беше непрепознатлив, Кадиз доминираше во најголем дел од мечот и заслужено ги освои трите бода. 

Антони Лозано во 16.минута ја погоди мрежата на Тибо Куртоа, а ѕвездите на Реал Мадрид денеска не беа расположени да возвратат.

Кадиз со 10 бода се израмни со Реал на врвот на табелата во Ла Лига и е најпријатното изненадување од стартот на сезоната.