Стерлинг му донесе триумф на Сити против Арсенал (ВИДЕО)

Манчестер Сити славеше минимален триумф над Арсенал со 1-0. Стрелец на победничкиот гол за „граѓаните“ беше Рахим Стерлинг во 23.минута. Тој успеа со прецизен удар да го совлада голманот на „топчиите“.

Гвардиола има најлош старт во кариерата, но овој триумф секако му дава надеж дека Манчестер Сити ќе тргне во победнички ритам многу брзо.