Ужасни вести за Ливерпул: Без Вирџил Ван Дајк 7-8 месеци

Ливерпул се соочува со огромни проблеми во продолжението од сезоната откако според првичните извештаи стана јасно дека Вирџил Ван Дајк ќе отсуствува долг период. Констатирана му е повреда на вкрстените лигаменти на коленото и би можел да биде надвор од терените седум до осум месеци. 

Ван Дајк ја доби повредата по жестокиот дуел со голманот на Евертон Џордан Пикфорд кој крајно несмасно тргна на одбранбениот играч на Ливерпул. Ван Дајк беше заменет со Џо Гомез, а Пикфорд помина неказнето.