Васоски: Вардар е драстично оштетен - Кучињата лаат, караванот си тера

Вардар претрпе убедлив пораз со 1-6 од Шкендија во дуелот од 9. коло во првата македонска фудбалска конкуренција. Предводникот на „црвено-црните“, Александар Васоски ги признава слабостите на неговиот тим, но смета дека на поразот драстично влијаеле судиските одлуки кои биле на штета на Вардар. 
 

„Сакам во името на стручниот штаб и на играчите да им се извинам на навивачите за тешкиот пораз од Шкендија. Грешката ќе ја бараме кај нас, но мора да се напомене катастрофалната судиска тројка на чело со Гоцевски, два чисти пенали за Вардар, третиот гол за Шкендија од офсајд. По којзнае кој пат Вардар против Шкендија е драстично оштетен. И џабе пишувам кога пак ќе биде народната „Кучињата лаат, караванот си тера“.