ВТОРА ЛИГА ИСТОК: Брегалница до триумф во 95.минута, Тиквеш лесно низ Росоман

Брегалница се намачи, а Тиквеш лесно оствари триумф. Но, продолжува израмнетата трка меѓу овие два тима за врвот на табелата во Втората лига Исток.

Тиквеш без проблеми оствари победа кај  Росоман и славеше со 0-4. Ѓорѓи Мојсов и Дарко Гроздановски донесоа солидна предност, а Лазаров и Вареловски го докрајќија ривалот.

Брегалница едвај победи на Могила против Победа со 1-2. Митрев во 95.минута погоди за триумф на штипскиот прволигаш. 

Дарко Стојанов ја доведе Брегалница во водство во 61. минута, но Димоски успеа да израмни на 1-1.

Кит-Го и Слога Виница ремизираа 1-1. Кит-Го поведе сo голот на Оливер Христов, но израмни Бујчевски во 76. минута. Саса Каменица и Осогово одиграа без голови, а Кожув славеше на гости против Плачковица со 0-1.