ВТОРА ЛИГА ИСТОК: Брегалница го освојува Прилеп, Тиквеш на гости во Росоман

Брегалница и Тиквеш ќе водат голема битка за првото место во Втората лига Исток, а и двете екипи во денешното осмо коло ќе гостуваат. Тимот на Добронко Илиевски на Могила ќе и гостува на Победа и очекува нов триумф. Искусниот Ристе Наумов најавува дека единствено триумф е опција за штипскиот состав. 

„Сакаме да ја продолжиме победничката серија. Одиме на три бода против Победа, со сиот респект кон домашниот состав. Самодовербата ни е на високо ниво, веруваме во сопствениот квалитет и одиме да победиме“, порача Ристе Наумов.

Тиквеш се чини дека има за нијанса полесна задача на гостувањето кај Росоман. Новиот второлигаш реално нема сили да му се спротивстави на составот од Кавадарци. 

Ќе биде интересно и на мечот Кит Го - Слога Виница, а третопласираниот Кожув е гостин на Плачковица.