Традицијата на страна на Шкендија: Вардар три години не знае за победа против тетовскиот тим

Шкендија како актуелен лидер во шампионатот денеска (14.30 часот) ќе допатува во Скопје и на арената „Тодор Проески“ ќе ги одмери силите со Вардар. Најтрофејниот македонски клуб оваа сезона не е моќен како во минатото, но, сигурно на избраниците на Александар Васоски нема да им недостасуваат мотиви за да се обидат да ја совладаа Шкендија. 

Составот на Ернест Ѓока важи за фаворит на овој меч. И традицијата е на страната на Шкендија. На последните 12 натпревари, Шкендија не знае за пораз од Вардар. Осум од нив во првенствените пресметки и четири во Купот на Македонија.

Последен пат Вардар ја совладал Шкендија (4-2) пред три години, на 14 октомври 2017 година, а единствен од овој тим кој настапуваше и тогаш е Дејан Блажевски.